Се појави фотографија од Ирина Шајк во долна облека од 2006 година: Вака популарната манекенка изгледала на само 19 години

Точка

09/04/2021

18:02

5.084

Големина на фонт

а а а

Познатата руска убавица која што во пoследниве години е премногу актуелна со својата последна објава на социјалната мрежа Инстаграм воодушеви многу свои обожаватели.

Нејзиниот пат до светската слава во модната индустрија го започнала во 2006 година, а сега одлучила да се присети на своите почетоци.

Во 2007 година Ирина Шајк го добила својот прв моден ангажман, па станала главна ѕвезда на компанијата „Intimissimi“, а неколку години подоцна стана една од најбараните манекенки на денешницава.

Таа на својот Инстаграм профил кој што го следат над 14 милиони обожаватели објавила фотографија на која позира во долна облека, а истата е направена во 2016 година.

Од таа година нејзината кариера тргнала во нагорна линија, па имала прилика да краси многубројни насловни страници од модни магазини, да учествува на ревии од водечки дизајнерски брендови и да настапува во улога на модел на многу компании ширум светот.

Кога не шета по пистите на светските престолнини на модата, оваа 34-годишна убавица своето слободно време го поминува со својата четиригодишна ќерка Леа која што ја доби од врската со холивудскиот заводник Бредли Купер.

Својата љубовна врска Бредли и Ирина ја започнале во 2015 година, а заедно биле четири години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг