Кралицата Елизабета II и принцот Филип во посета на Југославија: Погледнете каков спектакуларен дочек им приредил Тито

Точка

09/04/2021

16:43

5.396

Големина на фонт

а а а

Британската кралица со својот сопруг, војводата од Единбург, ја посетиле поранешна Југославија во далечната 1972 година.

Тоа воедно била една од првите посети на една комунистичка земја на истокот од Европа.

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип кој што денеска почина на 99-годишна возраст, биле гости на Јосип Броз Тито во 1972 година, кога претседателот на тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), за нив приредил вистински спектакуларен дочек.


Во склоп на манифестацијата организирана по повод доаѓањето на кралскиот пар во Белград, била вклучена и посета на Авала и споменикот на Непознатиот јунак, за што сведочат снимките кои што биле направени во текот на шетањето на делегацијата на Обединетото Кралство во паркот каде што се наоѓа популарното спомен-обележје.

Инаку, тоа била првата кралска посета на една комунистичка земја на истокот од Европа поради што наишле на критики на некои од западните медиуми.

Парот тогаш во Белград поминал два дена, а потоа во склоп на таа тура по Југославија го посетил и Дубровник и Загреб.


Во текот на престојувањето во главниот град на СФРЈ, принцот Филип бил одликуван со орден на југословенска голема ѕвезда, највисокото одликување на тогашна СФРЈ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг