Жената со најдолгите нокти на светот ги скратила првпат после 30 години

Точка

08/04/2021

18:45

3.258

Големина на фонт

а а а

Ајана Вилијамс прват после 30 години ги пресекла своите нокти.

Во 2017-та година го постави Гинисовиот рекорд за најдолги женски нокти на двете раце, а вкупната должина на ноктите во тоа време ѝ била речиси 5 и пол метри. Не престанала да ги расте, па во наредните години достигнала должина од 7,3 метри.

Откако го соборила сопствениот рекорд, таа решила да ги скрати, пренесува „Unilad“.

Таа ги растела ноктите 30 години: „Одвај го чекам новиот живот. Знам дека ќе ми недостасуваат, но време е да ги скратам“, рекла Ајана од Тексас.

Нејзината фасцинираност за долгите нокти е резултат на нејзината љубов кон украсување на ноктите. Последен пат кога ги излакирала, процесот траел неколку денови и потрошила три или четири шишиња лак.

„Морав премногу да внимавам на секој потег, за да не ги скршам или оштетам, а и да не се повредам“, рекла таа, а нејзините нокти ќе бидат изложени во музеј во Орландо.

Сепак, најдолгите женски нокти некогаш забележани не ѝ припаѓаат на Ајана. Имала и Ли Ремонд, која достигнала должина од 8,5 метри, но ги изгубила во автомобилска несреќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг