Роналдо не можеше да поверува што не реализираше, па го „измести“ голот од нервоза

Дерби

08/04/2021

16:37

3.327

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо најчесто е непогрешлив кога ќе добие добра топка, или точен центаршут во шеснасетникот, но вчера му беа потребни две такви шанси за да постигна водечки гол на големото дерби во Торино.

Во одложениот натпревар од третото коло кој предизвика толку многу реакции во Италија, Јувентус на крајот го победи Наполи со 2:1 и изби на третото место на табелата пред Аталанта, но покрај трите гола, видовме и едно некарактеристично промашување на Португалецот.

Роналдо го доведе Јуве во водство во 13-та минута по луцидното додавање од Киеза, но десетина минути претходно, ниту сам не можеше да поверува што не претвори во гол.

Данило испрати фантастичен центаршут во шеснаесетникот каде Роналдо беше небранет од никого, но голгетерот не успеа да ја удри топката со глава, по што цената ја плати десниот дирек од голот на Мерет.

Кристијано беше свесен каква шанса не реализираше, па цела конструкција на голот се тресеше од неговиот удар во стативата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг