„Можеби ова е нервен слом, јас сум пореметена!“ - Марија Шерифовиќ 'полуде' на Инстаграм, а потоа...

Точка

08/04/2021

17:51

3.121

Големина на фонт

а а а

Пејачката Марија Шерифовиќ синоќа 'полудела', а сето тоа го споделила со своите фанови на Инстаграм и нагласила дека можеби има нервен слом.

Имено, Марија на својот Инстаграм профил објавила видео во кое им се пожалила на своите следбеници дека 'има работа со луѓе кои не умеат ништо', што очигледно ја разбеснело, па дури и се удрила по главата.

„Не размислувам, а можеби имам нервен слом. Како јас, која можам сè, реално, можам сè, доаѓам до тоа да имам работа со луѓе кои не можат ништо? Што е тоа?“, рекла Марија бесно.

„Всушност, кога малку подобро ќе размислам, тоа воопшто не е до нив, тоа е до мене, јас сум пореметена, јас, пореметена. Добро, па што сега? Полека. Што е тоа е“, раскажала пејачката во видеото, но набрзо ја избришала снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг