Стајлинг за чиста 10-ка: Меган Фокс во пролетно тренди издание кое дамите со задоволство би го копирале

Точка

08/04/2021

16:45

3.582

Големина на фонт

а а а

Салонки од кои нема да може да го тргнете погледот се само еден дел од преубавиот стајлинг на прекрасната Меган Фокс.

Славната убавица Меган Фокс била забележана во уште едно вечерно издание со својот партнер Машин Ган Кели, а двајцата биле во друштво на пејачката Аврил Лавињ и нејзиното момче.


Овој „дупли дејт“ се остварил во ресторанот Сохо хаус во Малибу, каде што славните личности често излегуваат, а овојпат Меган била на висина на задачата, барем кога станува збор за нејзиниот стајлинг.

Во прв план биле нејзините чевли - салонки со ефектна нијанса на розова боја, баш како создадени за овие пролетни денови.


Меган салонките ги искомбинирала со фармерки со рамен крој и кожен мантил во бледо- розова боја со ефект на змиски дезен.

Под мантилот носела бела блуза, а се истакнувал и нејзиниот впечатлив маникир на рацете.


Дали ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг