Украински генерал не ѝ верува на Алијансата: Поради НАТО може да останаме без уште неколку области

Точка

08/04/2021

09:48

2.573

Големина на фонт

а а а

Мешањето на НАТО во ситуацијата на истокот на Украина може да доведе до тоа Киев да изгуби уште неколку област на југоистокот на земјата, смета поранешниот шеф на управата за истрагата на Службата за безбедност на Украина, генерал-мајор Васлилиј Вовк.

"Сите знаат дека без НАТО нема никогаш да победиме во војна, ако влеземе во таа војна. Прво прашање: ако бидеме во НАТО, дали НАТО ќе започне војна против Русија? Големо прашање. Тешко. Најверојатно, не. Сега го немаме ни Крим, ни дел од Донбас. И зборуваме дека треба да влеземе во НАТО. Никој нема ни да не земе во НАТО, никој нема да не брани во таква ситуација, кога државата нема контрола над целата своја територија", објаснил генералот.

Тој нагласил дека Украина не може да победи во војна без учество на Северноатлантската алијанса, но, тврди тој, оваа оганизација нема да учествува во борбите.

"Ќе биде полошо, ако ние, на пример, го донесеме НАТО на десниот брег, а потоа нас да ни кажат како во Грузија: "Извинете, ние се повлекуваме". Ќе се повлекуваат додека зад нив не останат Харковск, Доњецк, Херсонск, Николајевската област", рекол Вовк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг