Почина познатиот пулмолог Анѓелко Ѓорчев во болницата во Ниш

Точка

07/04/2021

22:39

3.753

Големина на фонт

а а а

На 72 годишна возраст, вечерва во Универзитетскиот клинички центар во Ниш почина специјалистот по пулмологија и алергологија Анѓелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник и моментално член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев не се разбудил од комата во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш пред околу две недели.

Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави пред неколку дена Директорот на Клиничкиот центар каде беше хоспитализиран Ѓорчев.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.

Како доцент и професор работел на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг