Светска премиера: Mercedes го претстави новиот CLS

Точка

07/04/2021

20:59

3.079

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител ја рестилизираше својата луксузна купе-лимузина, а објави и технички детали и спецификации за новиот CLS.

Кога станува збор за надворешноста, автомобилот меѓу другото доби нова маска на ладилникот и преден браник со поагресивен изглед. Се воведува и целосно нова нијанса на боја на каросеријата – “Spectral Blue Metallic”, како и “Jupiter Red, Cashmere White Magno и Emerald Green”.

Промените во внатрешноста се подискретни и вклучуваат нов мултифункционален волан, а тука е и големиот избор на квалитетни материјали и украсни детали од дрво.


Моторизацијата се состои од три бензински и три дизел опции.

„Најслаб“ е бензинецот CLS 350 со 2,0-литарскиот 4 цилиндарски мотор кој развива 299 коњски сили и 400 Nm максимален обртен момент. Следува CLS 450 4MATIC со 6 цилиндарски 3,0-литарски агрегат кој испорачува 367 коњски сили и 500 Nm, а во врвот на понудата кај бензинците е CLS 53 4MATIC+ кој развива 435 коњски сили и 520 Nm.


Дизел верзиите стартуваат со CLS 220d кој под хаубата има 1,9-литарски 4 цилиндарски мотор со 194 коњски сили и 400 Nm. Следува CLS 300d 4MATIC со 2,0-литарски агрегат кој развива 265 коњски сили и 550 Nm, додека пак најмоќната дизел верзија е CLS 400d 4MATIC и опремена е со 6 цилиндарски 3,0-литарски мотор кој развива 330 коњски сили и 700 Nm.


Датумот на почетокот на продажбата и цените на освежениот Mercedes CLS ќе бидат соопштени наскоро.





Спонзорирани линкови

Маркетинг