Бектеши за „Сител“: „Ќе ги поддржиме угостителите со грантови кои ќе бидат неповратни средства “

Точка

07/04/2021

20:41

826

Големина на фонт

а а а

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на „Сител“ зборуваше за угостителите, кои од денеска, па сè до 20-ти април нема да работат.

Бектеши испракна дека угостителите ќе добијат грантови, со кои ќе им се реши финансискиот проблем со кој во моментов се соочуваат.

„Јас би сакал да упатам апел да почекаат до почетокот на наредната недела за да можеме да ги усвоиме законите од петтиот сет економски мерки во кој е предвидено плати за работниците за месец февруари и март, но дополнително на тоа ние имајќи предвид дека е донесена одлука согласно препораките од Комисијата за заразни болести за целосно затворање на угостителските објекти, во наредните две недели ќе има дополнителна помош во форма на субвенција или грант што се однесува за поддршка на угостителите и секторот туризам, вклучувајќи ги и хотелските објекти во нашата држава. Веќе е направен моделот за начинот на кој ќе бидат поддржани, ќе земат предвид првите месеци од 2021-та година согласно приходите што тие ги имале и еден дел од тие приходи ќе ги покрие државата во форма на грантови кои ќе бидат неповратни средства и се очекува наредната недела да ги објавиме мерките“, рече Бектеши.




Спонзорирани линкови

Маркетинг