Новиот „апдејт“ на Cyberpunk 2077 носи измени тешки 40 гигабајти

Точка

07/04/2021

19:44

2.677

Големина на фонт

а а а

Чекањето на фановите се исплатеше со оглед на тоа што листата на измени во новото ажурирање е огромна и поправа многу работи кои досега им правеа проблеми на играчите.

Голем број на багови се поправени, а доста прилагодувања се направени и во самиот гејмплеј на играта, наведоа од студиото CD Projekt Red.

Исто така во студиото поработиле и на самите перформанси. Поправени се голем број на случаи во кои играта „паѓаше“, подобрена е оптимизацијата на меморијата, корисничкиот интерфејс и други багови, со што сега, како што тврдат креаторите, играта е далеку „постабилна“.

За тоа колку се големи измените и „поправките“ можеби и најдобро говори податокот дека „апдејтот“ е тежок дури 40 гигабајти на PC, PS4 и Xbox One платформите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг