Британците донесоа одлука: Помладите од 30 години нема да ја примаат вакцината на „Астра Зенека“

Точка

07/04/2021

18:52

855

Големина на фонт

а а а

Имунизацијата против коронавирусот со вакцините на Универзитетот Оксфорд и „Астра Зенека“ кај помладите од 30 години ќе биде денеска стопирана врз основа на препораката на Британската агенција за лекови и медицински производи, пренесува „Скај“.

Според најновата одлука, наместо со вакцината на „Астра Зенека“, лицата кои што се на возраст од 18 до 29 години ќе може да ја примат вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека внимателно ќе ги следи советите за вакцината на Универзитетот Оксфорд и „Астра Зенека“, но не верува дека ќе мора да се менува распоредот за ублажување на рестриктивните мерки поради новата одлука.


„Мислам дека пресудна работа е да се сослуша што имаат да кажат научниците, докторите и медицинските експерти“, изјави Џонсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг