Американците мора да бидат заштитени, затоа за нив не важи тоа што се воведува во Европа

Точка

07/04/2021

21:57

3.182

Големина на фонт

а а а

Белата куќа изјавила вчера дека на Американците нема да им се наметнува "здравствен пасош" како потврда дека се вакцинирале против Ковид-19.

"Владата не го поддржува и нема да го поддржи системот кој бара Американците да го поседуваат тој сертификат", рекла портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

"Нема да има сојузна база на податоци за вакцинација, ниту било каква сојузна обврска која бара сите да добијат потврда за тоа", додала таа.


Најголем интерес за таа идеја има меѓу приватните компании, кои сакаат повторно да се отворат местата каде се собираат голем број на луѓе, како стадиони или арени, рекла портпаролката.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ќе објави совети со важни одговори на прашањата кои Американците ги поставуваат, посебно околу личните податоци, безбедноста или дискриминацијата во врска со тоа.


"Интересот на сојузните влади е едноставен: личните податоци и правата на Американците мора да бидат заштитени, а со самото тоа и тие системи да не се користат неправедно против луѓето", рекла Псаки.

Неколку земји вовеле или планираат да воведат здравствени пасоши кои покажуваат дали поединецот е вакциниран против Ковид-19. Тие сметаат дека со тоа би се олеснило повторното одржување на големи собири и патувања.

Таа идеја предизвикала критики и загриженост поради можна дискриминација и заштита на приватните податоци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг