Филипче открива: „Систина“ одби да ги намали цените, а „Жан Митрев“ прифати

Точка

07/04/2021

15:37

3.639

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека приватната поликлиника од „Жан Митрев“ биле подготвени да ги намалат цените за лекување на пациентите од коронавирус, додека од „Систина“ добиле негативен одговор.

„Вчера имавме состанок со директорите на трите приватни болници. Државата нема формално-правен механизам за да им наложи намалување на цените на приватните болници. Апелирав цените да бидат намалени поради кризата и пандемијата, а доктор Жан Митрев изрази подготвеност за такво нешто и рече дека денеска ќе биде потврдено дали и колку ќе бидат намалени цените“, изјави Филипче.

Сепак, министерот за здравство истакна дека од приватната болница „Аџибадем Систина“ му порачале дека цените нема да ги намалат: „Јасно ми кажаа дека не можат да ги намалат цените затоа што со тоа немале економска логика“.

Првиот човек на македонското здравство денеска на својот „Фејсбук“ профил соопшти дека од утре, осум лекари од приватното здравство ќе се вклучат во поддршка на нивните колеги од јавно-здравствените установи.

„Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем“, напиша Филипче на „Фејсбук“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг