Одлучена судбината на голите девојки во Дубаи: Казната им е изречена со голема брзина, ова ретко се случува

Точка

07/04/2021

22:45

14.258

Големина на фонт

а а а

Манекенките кои неодамна биле уапсени во Дубаи, поради проектот на кој работеле, а кој вклучувал и голи да позираат на балкон на облакодер во престижниот дел на Дубаи, сепак нема да завршат зад решетки, како што јавноста првобитно очекувала.

Потсетуваме, полицијата во Дубаи привела најмалку 11 жени во главно од Украина, Русија, Молдавија и Белорусија, кои насред ден позирале голи под раководство на фотографот Алексеј Контсов.

Сепак, целата група вклучувала повеќе од 20 жени, а тоа го докажуваат и експлицитните фотографии од самото снимање, кое со брзина на светлината се рашириле на социјалните мрежи, како на Емиратите, така и ширум светот, а посебно во Европа од каде повеќето девојки и потекнуваат. Тие се обвинети за јавен разврат и ширење на порнографија, а во Емиратите каде правниот закон е заснована на Шаријатот, странците завршуваат во затвор и поради поблаги кривични дела.

По необично брзата истрага, главниот обвинител во Дубаи, Есам Иса ал Хумаидан најавил дека оние кои стојат зад фотографиите ќе бидат депортирани во своите матични земји, без понатамошно објаснување. Полицијата одбила официјално да ги идентификува приведените, но некои од нив биле именувани од руските медиуми.

Групната фотографија наречена "Мало семејство" ги открила идентитетите на некои од девојките. На неа има две Украинки, Јана и Дијана, и уште три нивни сонароднички манекенки: Дарија Корунженко, Екатерина Кашенко и Софија Ткачук. Сите ги објавиле фотографиите на социјалните мрежи.


Ова ретко се случува

Брзата депортација е ретка за правниот систем во Дубаи. Случаите како овој во главно завршуваат на суд, или се решаваат на друг начин пред депортација.

Инаку, Дубаи е главно одредиште за светските Инстаграм инфлуенсерки и модели кои на своите профили објавуваат провокативни фотографии од луксузни хотели во Персискиот залив. Сепак, оваа популарна туристичка дестинација често е предмет на контроверзи со оглед на тоа дека однесувањето на повеќето туристи е во контраст со строгите правила на исламот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг