(Видео) Оливер Спасовски: Фалсификаторите наплаќале и до 20.000 евра за пасош

Точка

07/04/2021

12:01

2.407

Големина на фонт

а а а

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, утрово на "Утрински брифинг" откри колку чинело издавањето на илегални пасоши.

"Осомничените издавале лажни пасоши исклучиво за пари. Сумата се движела и до 20 илјади евра. Знаете дека во изминатите месеци беа уапсени лица за издавање на фалсификат возачки дозволи, за сума од 1500 до 2000 евра", рече Спасовски.

Министерот додаде сите од групата кога се вработувале во МВР биле проверени.

"Сите оние кои се вработуваат во МВР мора да поминат и низ безбедносна проверка, значи да нема ризик. Тие аспекти се почитуваат секогаш, не можеме да ставиме забелешка дека некој од нив немал документ. Но, што потоа се случува во текот на вработувањето е друго прашање. Инаку, имало посредник за пасошите. Во секоја криминална структура мора да има еден шеф, затоа и оваа група има еден таков човек. Имаме и повисоки чинови меѓу приведените. Службите, преку во оваа акција, се исчистени, но во секој систем постои ризик да има криминал", рече министерот.

Спасовски кажа и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал соработка и контакт со еден од приведените фалсификатори.

„Сите овие лица со фалсификувани пасоши ги користеле за да можат полесно да извршуваат кривични дела, сега истрагата може да оди и понатаму, до овие 200 корисници на лажни пасоши, но за тоа ќе зборуваме понатаму. Побарав јавно од Јавното обвинителство да ги провери сите овие наводи на ВМРО ДПМНЕ. Ако излезете јавно, со документи, и наместо кај надлежните органи да ги предадете вие ги изнесувате пред граѓаните, тогаш треба да се провери. Ќе кажа само дека еден од приведените е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него.“- откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг