Погледнете како ќе изгледа футуристичкиот град на Тојота во Јапонија

Точка

05/04/2021

20:52

3.042

Големина на фонт

а а а

Компанијата Тојота во Јапонија гради футуристички паметен град кој ќе биде еден вид на лабораторија за тестирање на нови технологии.

Во градот ќе бидат тестирани автономните автомобили и роботи кои ќе имаат погон на хидроген и соларна енергија. Ќе постојат три видови на улици – една исклучиво за пешаци, друга за велосипеди и ромобили и трета за автономни автомобили.

Роботизираните, автономни уреди ќе бидат користени за доставување на стока. Градбите ќе бидат изработени од дрво со цел да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата.

Со специјални сензори ќе се надгледува здравствената состојба на жителите, а роботите ќе се користат за секојдневни активности.

Градот ќе биде изграден во близина на Токио на место каде што порано имало фабрика, а меѓу првите 360 жители ќе бидат семејства и инвеститори во следните пет години. Планот на Тојота е во градот да живеат 5 илјади луѓе.

https://www.klix.ba/scitech/tehnologija/pogledajte-kako-ce-izgledati-toyotin-futuristicki-grad-u-japanu/210403041




Спонзорирани линкови

Маркетинг