NASA ќе ја истражува последната снимка од Црвената планета – мистериозната карпа ги збуни научниците

Точка

05/04/2021

18:16

6.054

Големина на фонт

а а а

Станува збор за камен со должина од 15 центиметри кој на себе има неколку дупки, а кога фотографијата ќе се зголеми се забележуваат точки кои што не изгледаат како да се од природно потекло.

Роверот „Perseverance“ испрати повеќе фотографии од Марс, а на една од нив воочен е зелен камен на кој што се забележуваат дупки. Роверот со помош на ласер ќе се обиде да го истражи потеклото на овој камен и како истиот стигнал во кратерот Језеро.

Инаку роверот на NASA наскоро ќе има свој „соработник“, хеликоптерот „Ingenuity“ кој што ќе го изведе првиот лет на друга планета кој што не е наменет за меѓупланетарни летови.

Во меѓувреме инструменти на роверот снимиле и истражуваат необичен зелен камен на тлото на Црвената планета, а експертите од NASA имаат повеќе хипотези за него, пренесува магазинот „Science“.

„Дали тоа е камен оштетен при временски непогоди? Или можеби парче кое што стигнало на подрачјето каде што е сега по некој далечен судир со некое небесно тело? Дали станува збор за метеорит? Или пак е нешто друго?“, се запрашале научниците на Твитер профилот од роверот.

Од NASA наведуваат дека каменот ќе го истражуваат со помош на ласер кој што е дел од инструментите на роверот за испитување на карпите и тлото.

Научниците истакнуваат дека ласерските испитувања би можеле да одгатнат дали необичниот камен настанал на местото на кое што е најден или пак на некој друг начин стигнал на локацијата на која моментално се наоѓа.

Доколку не настанал на местото на кое што е снимен, постои можност да го донела вода во кратерот Језеро или пак станува збор за метеорит.

Инаку, ласерот на роверот работи така што ја погодува карпата на оддалеченост од седум метри, а потоа создава „облак“ од испарување кој што го анализираат камерата и спектометрите на роверот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг