Таа и денес го држи рекордот на последователни појавувања на насловната страна на популарниот магазин „Sport Illustrated“, а пет пати по ред за истиот магазин позирала во бикини.
Ел Мекфeрсон припаѓа на генерацијата „златно доба“ на манекенството, а магазинот „Time“ ѝ го даде прекарот „тело“ во 1989 година.
Таа е родена во Австралија, се запишала на правен факултет во Сиднеј, но заминала за Америка една година пред почетокот на студиите за да се обиде да се занимава со моделинг и да заработи за студиите и книгите.
Во Њујорк веднаш потпишала договор со агенцијата „Click“ и така ја започнала својата кариера во 1982 година.
Во текот на 80-тите била на насловните страници на водечките модни магазини, но и на магазините „GQ“, „Maxim“...
Таа учествувала на ревии на сите модни дизајнери од тоа доба, а била заштитно лице на многу брендови.
Светот целосно „полудел“ по неа кога во филмот „Сирени“ од 1994 година се појавила гола. Медиумите почнале да бараат нејзини такви фотографии, ги барале нејзините поранешни момчиња и нуделе висока сума на пари за нејзините голи фотографии.
Ел тогаш ја прифатила понудата за магазинот „Playboy“ и направила едиторијал од свои голи фотографии, но сепак имала свои барања - фотографирањето да биде по нејзини услови и пред нешто нејзино да биде објавено јавно, прво да се направи консултирање со неа.
Во текот на 90-тите години самата таа го користела прекарот „тело“ за своите работни ангажмани, а во 1996 година била дел од славната екипа на супермодели - „7 величествени“.
Како и многу други манекенки од тоа доба и таа се забавувала со музичари. Во раните 80-ти години изборот ѝ бил Били Џоел, а тој своевремено изјавил дека песните „This Night“ и „And So It Goes“ зборуваат за нивната врска. Исто така се верува и дека неговата легендарна песна „Uptown Girl“ има врска токму со Ел, односно дека токму таа била инспирацијата за неа.
Со инвеститорот Арпад Бусон се венчала во 1996 година, а од бракот добиле двајца синови, но во 2005 година се развеле.
Манекенката зад себе има уште еден брак со милијардерот Џефри Софер за кој се венчала во 2013 година, а во брак биле четири години.
Денес манекенката живее во Флорида во близина на својот поранешен сопруг.