Предизвикот на Рашковски за ТВ дуел е прифатен! ДПМНЕ на дуел го праќаат Стоилковски

Точка

20/03/2021

21:03

4.415

Големина на фонт

а а а

Наќе Чулев поранешниот технички министер за внатрешни работи ги одби предизвикот за ТВ дуел од страна на Рашковски, но изјави дека е подготвен да сведочи пред институциите за набавката на софтверот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огласија дека го прифаќаат предизвикот за ТВ дуел од страна на Рашковски, за отворена дебата за сомнителната набавка на софтверот како и за други актуелни теми. 

„Токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел“, изјави партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Имено, пред два дена по допрен глас обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отвориле предистражна постапка и дека се дадени повеќе наредби за прибирање на потребна документација за овој предмет.

360 Степени пред десетина дена први ја објавија сторијата за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81,000 евра, кој Рашковски го набавил за потребите на Министерството за Внатрешни работи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг