"Првите кучиња" на САД исфрлени од Белата куќа, биле агресивни

Точка

09/03/2021

12:26

1.918

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, ги вратил своите две кучиња во приватната резиденција во Вилмингтон во американската држава Далавер, по инцидентот во кој едно од кучињата нападнало припадник на обезбедувањето во Белата куќа.

Тригодишното куче Мејџор, помладиот од двата германски овчари на претседателот, се однесувало агресивно, скокало, лаело и ги напаѓало агентите од Обезбедувањето на Белата куќа.

Изворите го спомнале инцидентот со нападот без да наведат дали е некој повреден. Инцидентот сепак е сметан за доволно сериозен за двете кучиња, Мејџор и 13-годишниот Чемп да бидат вратени во куќата на Бајден во Вилмингтон.

Мејџор, кого Бајден и неговата сопруга Џил го посвоиле од засолниште за животни во ноември 2018-та година, било првото вдомено куче во Белата куќа.

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, немал миленик во Белата куќа.

Во интервју минатиот месец, првата дама Џил Бајден изразила загриженост околу сместувањето на кучињата во нивната нова резиденција во Вашингтон.

"Треба да користат лифт, на што не се навикнати и да излегуваат во дворот каде има многу луѓе кои ги гледаат", рекла таа.

Засега не не се знае дали на кучињата на Бајден ќе им биде дозволено да се вратат во Белата куќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг