Незадоволниот Лаказет си оди од Арсенал, три европски гиганти во редот за негов ангажман

Дерби

09/03/2021

11:19

2.108

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет не е многу задоволен со престојот на „Емирејтс“ посебно откако во тимот пристигна Микел Артета.

Искусниот голгетер добива повремено шанса за настап и воопшто не е редовен во првиот тим на „топчиите“, па токму тоа ќе го натера играчот да си замине од клубот.

Французинот има договор со Арсенал на уште една сезона, но неговиот агент веќе работи на тоа да му обезбеди клуб за во иднина.

„Калчомеркато“ пишува дека Лаказет одлучил да си оди од Арсенал и од Англија и кариерата да ја продолжи во друга средина. Како што пишува италијанскиот медиум, агентот на Лаказет веќе стапил во преговори со гигантите Барселона, Јувентус и Атлетико Мадрид кои би можеле да направат изненадувачки ангажман на играчот.

Лаказет годинава има постигнато девет погодоци за својот клуб на вкупно 23 натпревари на кои што доби шанса во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг