Фердинанд со пофални зборови за еден играч на Манчестер Јунајтед: Мурињо го исфрли, детето беше скршено

Дерби

09/03/2021

11:15

2.113

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд освен како новинар за „БиТи Спорт“ во јавноста е познат и по својот подкаст на социјалните мрежи „Vibe with FIVE“ на кој зборува за најразлични теми од светот на фудбалот.

Во текот на вчерашниот ден во подкастот, Фердинанд зборуваше за неговиот поранешен тим и за фудбалерот кој оваа сезона игра во врвна форма под водство на Оле Гунар Солскјер. Станува збор за Лук Шо кој ја игра најдобрата сезона во кариерата, а беше стрелец на голот кој донесе важни три бода за „ѓаволите“ на натпреварот против Манчестер Сити.

Фердинанд го испофали Шо за кого истакна дека бил тотално скршен кога Мурињо си поигрувал со него и го оставал надвор од тимот пред неколку години.

– Мислам дека во сезоните што поминаа тој изгледаше малку надвор од темпо и малку мрзеливо во некои моменти. Но, мора да го видиме и менталниот пат по кој помина ова момче кое изгледаше како да е на опашката во Манчестер Јунајтед.

– Мурињо го отпиша, детето беше скршено, но се врати од длабочините и прерасна во еден од најважните играчи на Манчестер Јунајтед. Мора да му се честита за тоа, -јасен беше Рио.

Лук Шо уште во 2014 година потпиша за Манчестер Јунајтед кога стана најскапиот тинејџер во светот на фудбалот затоа што за него „ѓаволите“ платија и тогаш високи 33 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг