Реал Мадрид останува без стоперскиот тандем кој беше бедем на клубот неколку години, по Рамос и Варан прави проблеми

Дерби

09/03/2021

11:14

1.202

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Реал Мадрид се соочуваат со вистински проблеми кога во прашање се играчите од одбраната на тимот.

Веќе извесен период е познато дека Серхио Рамос калкулира со потпишувањето на нов договор кој му е понуден од страна на раководството на клубот. Сега со ист проблем се соочуваат челниците на Реал Мадрид и со вториот стопер, Рафаел Варан.

Францускиот интернационалец за разлика од Рамос има договор до 2022 година, па и да не го продолжи би можел да си оди од клубот како слободен агент за година и половина.

Сепак од Реал Мадрид не сакаат во своите редови толку долг период да задржат играч кој не сака да настапува за клубот, па доколку тој не се согласи да ја продолжи соработката ќе биде продаден во летниот преоден рок.

И за него како и за Рамос постои интерес од двата гиганти Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои се во потрага по силно засилување на стоперските позиции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг