Во Мексико за денот на жената, наместо рози, солзавец

Точка

09/03/2021

10:52

1.986

Големина на фонт

а а а

Во текот на протестот на феминистките во престолнината на Мексико, одржан на 8-ми март, повредени биле 62 полицајци и 19 цивили, соопштил Секретаријатот за цивилна безбедност на Мексико.

Како што се наведува, феминистките полеале со бензин и запалиле женски полициски кордон.

Се истакнува дека девет полицајки и еден цивил се префрлени во болница. Нивната состојба е стабилна.

Иако непосредно пред 8-ми март властите на престолнината ги оградиле главните споменици во градот како и претседателската палата, многу објекти биле оштетени.

Учесничките во протестот барале да се стави крај на насилството над жените и дискриминацијата.

Според статистиката, во Мексико секојдневно се убиени 10 жени, а повеќе од половина од нив се жртви на партнерот или семејството. 50 проценти од злосторствата против жените во Мексико остануваат неказнети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг