Филипинската полиција убила градоначалник - по грешка

Точка

09/03/2021

10:28

1.713

Големина на фонт

а а а

Полицијата на Филипините го убила градоначалникот на градот Катбаоган, Роналдо Акињо и двајца негови помошници, а во вооружениот судир биле убиени и двајца полицајци.

Претставник на полицијата изјавил дека на основа на прелиминарните извештаи, единствено може да се претпостави дека станува збор за грешка, пренесува "AP".

Тој навел дека полицијата била во рутинска патрола кога на нив почнале да пукаат помошниците на градоначалникот на градот Катбаоган, кој се возел со комбе во источната провинција Самар.

Полицијата возвратила на огнот и го убила градоначалникот и двајца негови помошници, а обезбедувањето на градоначалникот убило двајца полицајци.

Еден од пријателите на убиениот Роналдо Акињо изјавил дека тој одел на прослава на роденденот на своето дете и можеби бил мета на напад, но претставник на полицијата соопштил дека полицијата не го барала градоначалникот и дека била во рутинска патрола.


На Филипините во последно време биле убиени неколку градоначалници и покраински службеници кои биле поврзани со илегална трговија со дрога, против што претседателот Родриго Дутерте води остра борба.

Меѓутоа, пријателите на убиениот градоначалник тврдат дека тој не бил вмешан во илегална трговија со дрога.



Спонзорирани линкови

Маркетинг