Тоа го може само Ријана: Пејачката прошетала во необично модно издание

Точка

09/03/2021

09:52

3.074

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка со потекло од Барбадос, Ријана, била фотографирана во Њујорк во необично модно издание.

Пејачката прошетала во сина, широка зимска јакна и широки „износени“ панталони и облекла бели високи потпетици, а лицето го прекрила со црна заштитна маска. Многумина се збунети од ова тотално чудно модно издание, но пејачката и понатаму ја нарекуваат „кралица на стилот“ и велат дека одлично ѝ прилега сè што на другите никогаш не би им прилегало.


Иако на прв поглед никој не ја препознал, таа го привлекла вниманието на папараците кои постојано го следат секој нејзин чекор. Фотографите ја „фатиле“ поп ѕвездата како заминува на вечера со новото момче, Асап Роки, со кој долго време беше само пријателка.


Пред 7 години, Ријана се појави во спотот на Асап Роки за песната „Fashion Killa“, а во 2013 година тој ѝ се придружи на нејзината светска турнеја „Diamonds“. Соработуваа и на нејзината песна „Cockiness“ од 2011 година, од албумот „Talk That Talk“.


Шпекулациите за нивната врска се појавија кон почетокот на 2020 година, кога пејачката раскина со милијардерот Хасан Џамил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг