Цел Балкан воодушевен од евровизиската „Молитва“, во изведба на корејска музичка група - се огласи и Марија Шерифовиќ

Точка

08/03/2021

23:29

3.992

Големина на фонт

а а а

Снимката од една музичка група од Кореја која ја пее евровизиската „Молитва“ на еден музички натпревар, почна да кружи на интернет, а на нивните музички способности не останала рамнодушна ниту Марија Шерифовиќ.

Патем, ова е евровизиската песна со која Србија победи во 2007-ма година.

Момците со своите исклучителни пејачки способности, но и одличен изговор на српскиот јазик, го воодушевија Балканот, а и Марија јавно ги пофали.

Пејачката изрази воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Во објавата напомена дека ова е најдобрата изведба на нејзината песна и напишала прекрасна порака упатена кон талентираните Корејци.

„Ви посакувам сè најдобро во кариерата и натпреварувањето. Се гледаме наскоро“, напишала Шерифовиќ.

Исто така и многу наши музички имиња го споделија настапот на Корејците, кој поради авторски права беше отстранет од Јутјуб платформата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг