Обвинетите полицајци сведочеа: „Мијалков не нѝ даваше наредби за апсењето на Бошковски“

Точка

08/03/2021

22:51

4.511

Големина на фонт

а а а

По „Таргет-Тврдина“, па случајот „Трезор“, Сашо Мијалков денеска бил однесен во судница како обвинет и во случајот „Тортура“.

Од притворската ќелија во Шутка, Мијалков е спроведен со неколку полициски возила. На судењето ништо не проговорил, слушал како се бранеле „алфите“ кои го апсеа Љубе Бошковски во 2011-та година.

Полицаецот кој му ставил лисици на Љубе Бошковски тврди дека тој и неговите колеги од единицата „алфи“ не употребиле прекумерна сила при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија. Петар Милошевски кој го водел тимот, вели дека врзувањето со лисици и легнувањето на земја следеле откако Бошковски се обидел да побегне.

„Тој ја предизвика нашата интервенција. Ако ги почитуваше нашите наредби, немаше да постапуваме. Не верував дека поранешен министер за внатрешни може тоа да го стори“, рекол во судницата Милошевски.

Командирот на алфите, Ивица Анчевски - Пуки, сведочеше дека единицата не била раководена од тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков.


Зад помпезното апсење на Бошковски, според обвинението, стоел тогашниот прв човек на УБК, Мијалков. На следните рочишта и тој ќе треба да ја даде својата одбрана за случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг