Фостер: Диего Коста и Луис Суарез се „валкани стаорци“, а Видиќ е болен човек

Макфакс

08/03/2021

17:10

2.631

Големина на фонт

а а а

Голманот на Вотфорд, Бен Фостер го нарече поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста „мал валкан стаорец“, додека смета дека поранешниот српски дефанзивец на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ е „болен човек“ во неверојатно интервју.

37-годишниот Фостер, кој помина пет години кај „ѓаволите“ од 2005 до 2010 имаше шанса да игра против некои од најдобрите светски фудбалери, пред сега во финишот да кариерата да игра во Чемпионшип со Вотфорд. Во интервју тој ги опиша најнеомилените противници, најцврстиот човек во лигата и најлошиот фудбалер на тренинзи.

„Кој е најлошиот? Тоа е добро прашање и секако тоа е Диего Коста, бидејќи тој беше мал валкан стаорец. Само ќе цвичеше и ќе гребеше и немаше да те остави на мир и да ти даде секунда да дишеш. Знаете што, и Луис Суарез беше таков. Ужасен да играш против него – ќе те клоца, ќе те гребе, било што. Но, да признаеме, вистински победници, сакам таков тип на фудбалери. Сакате такви во својот тим. Животни!“, вели Фостер.

Уште еден тип на фудбалер кој го почитува се „цврстите“ момчиња од одбраната.

„Бев малку со Рој Кин и тој ме плашеше кога ќе го видев, да бидам искрен. Тој беше страшен тип. Немања Видиќ исто така беше болен човек. Би кажал дека тоа е Немања. Тој ќе ставеше глава на копачка за да ја земе топката. Да, вистински болен човек. Кој беше најлош на тренинг? 100 отсто Карлос Тевез. Воопшто не беше заинтересиран, тренингот не беше работа за него. Ужасен. А, кога ќе дојдеше сабота попладне, експлозија!“, вели Фостер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг