Дел Пјеро: Не очекував таква реакција од Јувентус, Пирло одигра паметно со Роналдо

Дерби

08/03/2021

15:26

2.799

Големина на фонт

а а а

Легендата на италијанскиот фудбал и Јувентус, Алесандро Дел Пјеро даде свој коментар за дерби победата на неговата поранешна екипа против Лацио.

„Старата дама“ губеше со 1-0, но и покрај тоа што беше без доста важни играчи се избори за голем пресврт и многу важно три бода во Серија А.

- Не очекував таква реакција од Јувентус затоа што физички се мачеа во последниве недели, - рече Дел Пјеро кој даде коментар и за потегот на Андреа Пирло да тргне без Кристијано Роналдо во саботната пресметка.

- Тоа беше паметен потег од Пирло и од него. Јувентус победи без шест стартери. Тие се одморија, па затоа сега се подготвени да играат. Лацио имаше одличен почеток, но Јувентус возврати. Тие беа конзистентни и тоа е одлична вест со оглед на тоа што нивниот следен натпревар е против Порто.

- На Јувентус му е потребен совршен меч. Голот на Киеза ги сврте работите за Јувентус, но ако Порто го задржи истиот интензитет од првиот натпревар, ќе биде тешко за „бјанконерите“. Ќе биде предизвик, ама тие се во добар момент. Јувентус малку падна, но се чини дека сега се опоравија, - заврши некогашниот италијански репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг