316 новозаболени од Ковид-19, починаа уште 11 лица

Точка

08/03/2021

14:39

5.428

Големина на фонт

а а а

Во последниве 24 часа, по изработени 1562 теста, регистрирани се 316 новозаразени со Ковид-19 во Македонија.

Оздравел 681 пациент, а починале 11 пациенти позитивни на вирусот.

Вообичено, податоците за неделите во изминатите месеци секогаш покажувале помал број на позитивни случаи, што секако се должи на помал број тестирани лица во деновите на викенд.


Во Скопје е регистриран најголем број на нови позитивни случаи – 164, а потоа Прилеп со 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино по 16, Тетово – 12, Гостивар – 10.


Починати се 4 пациенти од Скопје, по две лица од Прилеп и Крушево и по еден починат од Штип, Битола и Охрид.


Во моментов во земјата активни се 8.863 случаи, од тоа 4.215 се во Скопје, а од градовите најмногу активни случаи има во Прилеп – 690, потоа во Кавадарци – 496, Охрид – 440, Куманово -345, Неготино – 304, Гевгелија – 270, Тетово – 259.

Поврзани вести: „Комисијата за заразни болести со предлог: Полициски час од 22 до 5 часот наутро



Спонзорирани линкови

Маркетинг