Мурињо: 100 гола за дефанзивен тим, тоа не е лошо

Дерби

08/03/2021

12:18

1.182

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Тотенхем го победија Кристал Палас со 4-1 и со тоа ја продолжија низата на добри резултат во Премиер лигата, а со тоа секако и трката за Топ 4 која води во Лигата на шампионите.

Ваквото издание го воодушеви и менаџерот Жозе Мурињо кој во свој стил го искажа задоволството од фактот што неговиот тим дојде до бројката од 100 погодоци во актуелнава кампања во сите натпреварувања.

- Ако мојата статистика е точна, ние постигнавме 100 голови во сите натпреварувања оваа сезона. За тим кој е дефанзивен, многу негативен, ова не е толку лошо, - саркастичен беше Жозе кој се надева оти тимот ќе продолжи со ваквите партии.

- Ова беше одлична недела за нас. Три натпревари, девет бода. Секако, не можам да влијаам на резултатите на другите тимови. Сè уште сме во игра. И ние не ја занемаруваме Лигата на Европа во најмала рака. За нас, натпреварот против Динамо Загреб е многу важен, исто како и следниот дуел во Премиер лигата против Арсенал, - порача Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг