Де Брујн: Понекогаш е добро да загубите, поразот може да биде позитивен

Дерби

08/03/2021

12:16

1.292

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити доживеа пораз од Манчестер Јунајтед со 2-0 во Премиер лигата, резултат кој значеше крај на импресивната серија на „граѓаните“ од 21 триумф во сите натпреварувања.

Меѓутоа и во поразот „граѓаните“ гледааат позитивни работи и сметаат дека истиот добро ќе им дојде, ќе им биде како удар за будење пред следните предизвици кои престојат како на домашната така и на меѓународната сцена.

- Секако дека не го започнавме добро натпреварот. Знаевме дека ќе биде тешко. Бевме во нивни раце по првиот гол и ни требаа 15 минути за да се вратиме. Потоа игравме прилично добро, но не постигнавме гол и тоа направи разлика.

- Не е добро да губите уште во првата минута, ама имате 90 потоа. Вториот гол беше полош, но мислам дека менталитетот на играчите беше ист како и секогаш. Не е убаво да се загуби дербито, но понекогаш се случува. Мораме да продолжиме понатаму – во среда е нов натпревар.

- Понекогаш е потребно да загибите и да имате лоши периоди. Дури и во победничката низа имавме неколку лоши периоди, но тогаш ги надминавме, тоа сега не го направивме. Понекогаш тоа може да биде позитивно, - порача Кевин по загубената битка со „црвените ѓаволи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг