Објавен списокот на изведувачи на овогодишното доделување на Греми наградите

Точка

08/03/2021

12:24

1.930

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на Греми наградите за музички остварувања е одложено за 14 март, а вчера беше објавен список на изведувачи кои ќе настапат на самата церемонија, помеѓу кои се најдоа ѕвезди како Хари Стајлс, Тејлор Свифт, Дуа Липа и корејската група БТС.

Церемонијата на доделувањето на наградите првобитно беше планирана за 31 јануари, но поради порастот на бројот на новозаразени со коронавирус во Лос Анџелес, таа беше одложена.

Овогодишното издание ќе се одржи „внатре и околу“ Конгресниот центар во Лос Анџелес, под строги ковид протоколи. Бројот на присутни ќе биде ограничен на изведувачи, номинирани и мал број на гости.

„Уметниците ќе се соберат, иако се уште безбедно раздвоени, за да слушаат музика како заедница и да ја слават музиката која сите нас не обединува“, се наведува во најавата на настанот.

Презентер на доделувањето ќе биде комичарот Тревор Ноа, а на истото помеѓу останатите ќе настапат следните изведувачи: Тејлор Свифт, БТС, Били Ајлиш, Дуа Липа, Меган Ди Сталион, Хари Стајлс, Карди Би, Бед Бани, Доџа Кет, Крис Мартин, Џон Мејер, Пост Малоун и други.

Ова ќе биде прво појавување на пејачката Тејлор Свифт на ова доделување по 2016 година, кога освои награда за најдобар албум, а оваа година е номинирана во дури 6 категории.



Спонзорирани линкови

Маркетинг