Ова досега никој не го направил: Кејн и Сон поставија нов рекорд во Премиер лигата

Дерби

08/03/2021

11:52

1.435

Големина на фонт

а а а

Составот на Тотенхем го потврди статусот на фаворит и славеше над Кристал Палас со 4-1 и сега по третата победа во низа е многу поблиску до Топ 4 или поточно местата кои водат во Лигата на шампионите во наредната сезона.

На средбата во Лондон воедно беше поставен еден нов рекорд во Премиер лигата, а за тоа се погрижи дуото Хари Кејн и Сон Хеунг-Мин. Имено Кејн и Сон дојдоа до бројката од 14 асистенции, поточно досега толкупати си помогнале еден на друг за да постигнат голови во елитното англиски натпреварување во сезоната 2020/2021.

Со ова беше надминат досегашниот учинок, првото место кое го имаа некогашните асовите на Блекбурн, Алан Ширер и Крис Сатон во кампањата 1994/95.



Спонзорирани линкови

Маркетинг