Во Италија уапсен Алжирец за помагање во терористичките напади во Париз

Макфакс

08/03/2021

11:45

737

Големина на фонт

а а а

Алжирец е уапсен во италијанскиот град Бари под сомнение дека е член на т.н. Исламска држава и им помагал на извршителите на координираните напади во Париз во 2015 година во кои беа убиени 130 лица, соопшти италијанската полиција.

36-годишниот маж е осомничен за набавување фалсификувани документи од вооружени напаѓачи кои ја нападнаа концертната сала Батаклан во Париз и блиските ресторани и стадионот „Стад де Франс“.

Нападот во Париз, во кои беа ранети стотици луѓе, беше квалификуван како најсмртоносниот напад во Франција од Втората светска војна.

Подоцна полицијата треба да даде повеќе детали за апсењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг