55-годишниот свештеник од САД побарал од насобраните жени во црквата малку повеќе да поведат сметка на својот изглед, да ослабат некој килограм и да се обидат да личат на довчерашната Прва дама, Меланија Трамп.
Алан Кларк во текот на мисата во Првата црква на баптистите на Флорида споделил фотографии од Меланија Трамп и им кажал на жените да се обидат да личат на неа.
"Потребно е вашите сопрузи да бидат среќни, да чувствуваат дека покрај себе имаат убава и згодна жена која успеале да ја освојат пред другите. Не смеете да ги запуштите и да се опуштите. Погледнете ја неа. Меланија Трамп е вистински пример за "жена трофеј", ги шокирал Кларк жените.
Мажите потоа ги советувал да не гледаат во други жени туку да им помогнат на своите партнерки во работите и да им дадат можност и простор повеќе да се разубавуваат.
"Секоја жена може да изгледа фантастично. Како Меланија. Секоја! Шминкајте се, средувајте се, ставајте убави парфеми", додал Кларк кој по овој говор бил суспендиран од црквата.