Тимот на Леброн победи на Ол стар натпреварот – Јанис МВП

Макфакс

08/03/2021

10:43

865

Големина на фонт

а а а

Ол стар натпреварот на сите ѕвезди во НБА-лигата заврши со победа на тимот на Леброн Џејмс. Во Атланта тимот Леброн го победи тимот на Кевин Дурент со 170:150.

Ол старт натпреварот го обележаа Јани Адетокумби и Стеф Кари. Грчкиот репрезентативец не утна од игра, мечот го заврши со 35 поени, а Кари во првото полувреме постигна три тројки од пола терен.

Тимот на Леброн доминираше во текот на целиот натпревар, ги доби сите четвртини, на полувреме водеше со 100:80, а погодија 31 тројка.

Покрај Адетокумб,о кој постигна 35 поени, во тимот на Леброн Џејмс, се истакнаа Демијан Лилард со 32 и Стеф Кари со 28 поени, додека Крис Пол постави рекорд со 16 асистенции.

На спротивната страна, Бредли Бил постигна 26, а Кајри Ирвинг 24 поени.

Балканците имаа скромен ефект Лука Дончиќ постигна осум поени, Никола Јокиќ шест, а Никола Вучевиќ пет поени, на кои придодаде седум скока.

За МВП на натпреварот беше прогласен Јанис Адетокумбо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг