Вакцинирале 40 проценти од популацијата, сега ја отвораат својата економија: Проработиле кафулињата, аеродромите и хотелите

Точка

08/03/2021

23:36

7.477

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот жестоко ја погодила израелската економија, но конечно се гледа свето на крајот од тунелот.

Израел, светскиот предводник во вакцинација, благодарение на веќе видливите ефекти на масовната имунизацијата овој викенд отворил најголем дел од својата економија.

Оваа блискоисточна држава за само два месеци вакцинирала и ревакцинирала 40 проценти од својата популација. До сега вкупно 52 проценти од Израелците ја примиле барем првата доза од вакцината на "Pfizer". Израел успеал да набави преку 8,6 вакцини од оваа компанија, правејќи договор со "Pfizer" за споделување на медицински податоци, односно податоци за вакцинацијата и нејзините ефекти. Истражувањето покажало дека оваа вакцина значително го намалува бројот на хоспитализации и пациенти кои завршуваат на кислородна поддршка или на респиратори.


Вакцинацијата во комбинација со строгите карантински мерки довела до намалување на бројот на заразени, кој е во пад повеќе од еден месец. Поради тоа оваа земја одлучила да ги ублажи некои рестрикции кои им ги наметнала на граѓаните, како и да ги отвори аеродромите.

Исто така ќе бидат отворени и кафулињата и рестораните, салите за свеченост, спортските сали, хотели и училишта, доколку нивните посетители и натаму се придржуваат до мерките за спречување на заразата. Некои од тие места ќе бидат отворени само за вакцинација на луѓе.


Пандемијата на коронавирус жестоко ја погодила израелската економија. Невработеноста пораснала на 18,4 проценти, најмногу како последица од строгите антипандемиски мерки, поради кои угостителските објекти воопшто не работеле. Меѓутоа, сега, кога се чини дека оваа земја е на пат да ја искорени пандемијата, се очекува и раст на потрошувачката, а со самото тоа и економијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг