Со авион на „Ер Србија“ пристигна првата пратка руски вакцини

Точка

07/03/2021

15:12

3.191

Големина на фонт

а а а

Попладнево на скопскиот аеродром пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Sputnik V“. Вакцините беа пречекани од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, и амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин.

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на -18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат сместени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда, пренесува „Фокус“.


Според министерот, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст. Тој потсети дека оваа вакцина е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот и порача дека е безбедна и ефикасна.

„Со право станува светски бестселер“, рече Баздникин кој се уште не е вакциниран и изјави дека тоа ќе го направи кога ќе се испорачаат вакцини за руската амбасада во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг