Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време

Макфакс

07/03/2021

13:03

1.092

Големина на фонт

а а а

При контрола на угостителски објект во Гостивар, синоќа во 21.35 часот, било забележано дека објектот работел по дозволеното работно време и во него имало гости.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг