Денеска пристигнува првата пратка од руската вакцина

Точка

07/03/2021

10:17

2.680

Големина на фонт

а а а

Првата пратка од руските вакцини против коронавирус - "Sputnik V", кои Владата ги купи од Русија попладнево треба да пристигнат на Скопскиот аеродром.

Пратката ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин.

Како што наведуваат од Министерството за Здравство, вакцините се во соодветно пакување, ладен ланец и на соодветна температура.

"Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е подготвена. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје", изјави министерот Венко Филипче.

Министерот најави дека од среда треба да започне вакцинацијата, пренесува "360 степени".

Во државава се очекуваат 200.000 дози од кинеската вакцина, 200.000 од руската и заедно со вакцините од "AstraZeneca" во земјава би требало да пристигнат вкупно 2.200.000 вакцини, иако засега нема точен датум за нивната испорака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг