Мелиса Мекарти и Октавија Спенсер како суперхероини во новиот филм „Thunder Force“

Точка

06/03/2021

14:57

2.557

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ го објави официјалниот трејлер за новиот филм „Thunder Force“ кој на оваа стриминг платформа пристигнува на 9 април.

Филмот е напишан и режиран од страна на Бен Фалконе, а главните улоги ги толкуваат Мелиса Мекарти и Октавија Спенсер.

„Thunder Force“ е комедија за две најдобри пријателки кои стануваат суперхероини. Во трејлерот се открива како Лидија (Мекарти) повторно се сретнува со својата најдобра пријателка од детството, Емили (Спенсер), успешна научничка која создала технологија која им дава супермоќи на обичните луѓе.


Лидија случајно ја зема формулата која дава супермоќи, ненамерно создавајќи го првиот вистински суперхеројски тим. Кога ќе се појави нов негативец познат како „Кралот“ (Боби Канавале), пријателките се здружуваат за да го спасат градот.

Ова не е прва соработка на Мекарти и Фалконе – тие претходно соработуваа на филмовите „Tammy“, „The Boss“ и „Life of the Party“.

„Thunder Force“ е еден од вкупно 71 филмови кои „Netflix“ планира да ги објави оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг