Ѕирнете во новата вила на Метју Меконахи вредна 7,8 милиони долари: Погледот од неа е нереален

Точка

06/03/2021

14:12

6.136

Големина на фонт

а а а

51-годишниот американски актер Метју Меконахи неодамна купил куќа за одмор на Хаваите за 7,85 милиони долари.

Според написите, резиденцијата „The Kaupulehu Residence“ е уникатна градба која се простира на 650 квадратни метри, додека имотот се простира на еден хектар земја.

Вилата овозможува фантастичен поглед кон океанот, како и огромниот базен кој се наоѓа во дворот, па оној кој ужива во пливањето, има можност да ужива и во погледот кон морскиот брег.


Мирното опкружување околу вилата потсетува на водечките светски одморалишта со 5 ѕвезди.

Вилата поседува 6 спални соби, 6 купатила, канцеларија, стаклен вински подрум, 2 гаражи за автомобили и 2 терени за голф, а исто така има и 2 главни апартмани, 2 базени, 2 надворешни камини па дури и терен за боќање.


За потсетување, Метју неодамна ја објави својата автобиографија која му донесе огромна сума на пари. Тој открил дека поминал 52 дена во пустина во Тексас за да ја напише книгата наречена „Greenlights“ која денес е една од најпродаваните книги на пазарот.

Актерот се одлучил на храбар потег и се повлекол во целосна самотија, без семејството, за да напише еден од бестселерите во последните 10 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг