Џил Бајден овие денови вредно работи и ги извршува сите должности на прва дама на Америка.
Не е тајна дека секоја прва дама на Америка има тим од луѓе кои се грижат што таа носи, каква ѝ е фризурата, што зборува и со кој се дружи. Исклучок не е ниту Џил Бајден, која зад себе има неверојатно добри стилисти.
Тимот стилисти за Џил секогаш избира едноставни и елегантни комбинации, фустани до колена и сакоа со класичен стил.
Овојпат таа носела бел фустан со едноставен крој и сако во нежно розова боја. Меѓутоа, целото внимание го привлекле чевлите со висока потпетица од превртена кожа, во нежно розова боја. Чевлите имале врвки кои се врзуваат околу глуждовите, но Џил немарно ги заврзала во јазол додека под фустанот носела мрежести хулахопки.
Прашањето кое ги мачи сите кои погледнале во нозете на Бајден е: дали овие чевли се носат на ваков начин?
Изгледа дека стилистите не можат буквално да ја облечат првата дама, сепак тоа мора сама да го направи...