Наместо да мислат на здравјето на своите жители и да донесат одлуки во согласност со нивните потреби, европските земји играат политички игри околу вакцините, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Ако тие во време на пандемија, во време кога им се пореметени распоредите на испорака на вакцините, не се почитуваат, или едноставно немаат вакцини, а имаат прилика да соработуваат со земји каде што таа вакцина се произведува, предност им даваат на политичките игри во однос на здравиот разум и здравјето на својот народ, тогаш не ме интересира дали ќе се вратат во нормалност. Тоа се нивни проблеми“, изјави Захарова.
Според неа, во 2020-та година проблемите со европската солидарност „паднале како валкани алишта од корпа“.
„Се обидуваат тоа на некој начин внимателно да го камуфлираат, добро сфаќајќи во колку лошо светло се покажаа“, изјави Захарова.