Филипче посочи дека наредната недела ќе се знае дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки – не се исклучува ниту ограничување во движењето

Точка

06/03/2021

12:11

3.038

Големина на фонт

а а а

Денеска министерот за здравство Венко Филипче, зборуваше за воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки во државава, па изјави дека засега нема потреба од тоа, но за во иднина таа можност не е ислучена.

Како што истакна министерот Филипче, моментално ситуацијата се следи и се анализира, болничките капацитети не се загрозени и насекаде има слободни кревети.

„На почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот согласно анализата. Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но воопшто не ја исклулучувам можноста од такво нешто“, истакна Филипче.

Министерот исто така истакна, дека зголемените бројки на заразени луѓе од коронавирусот се должи на британската мутација на вирусот, над 70 отсто, особено во Скопје, Неготино, Прилеп, Охрид и Кавадарци.

Тој посочи дека засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничување на движењето, но доколку одлучат дека тоа може да има ефект, в предвид доаѓаат и таквите мерки.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг