Актерот се венчаше по петти пат: Сопругата е 30 години помлада од него, но и 4 години помлада од неговиот син...

Точка

06/03/2021

11:45

11.233

Големина на фонт

а а а

Амриканскиот актер Николас Кејџ (57), се венчал по петти пат, а еве кои се деталите од тој настан.

Актерската ѕведа се венчала со 30 години помладата Рико Шибата (26), на мала церемонија во Лас Вегас. Кејџ ја запознал Рико во Јапонија, веднаш по разводот од неговата четврта жена, со која што бил во брак само четири дена (во документите за развод било наведено дека бил премногу пијан кога се венчал).


Инаку, актерот освен браковите имал и многу љубовни врски, а актерката Патриша Аркет ја запросил истиот ден кога се запознале. Тие двајца биле во брак од 1995 до 2001 година.

Актерот го обожува Елвис Присли, а во брак бил и со неговата ќерка Лиза. Бракот траел само неколку месеци.

Американката со корејско потекло, Ким Алис, ја запознал во суши ресторан каде што работела како келнерка.

Се венчале во 2004 година, а од тој брак го има синот Кал Ел Копол Кејџ. Со неа тој и денес е во добри односи.


Кејџ со новата сопруга пред олтар застанал по само една година љубовна врска, а венчавката се одржала на интимна церемонија во хотел.

Новата сопруга на Кејџ носела венчаница која што била рачно изработена во стилот на традиционалното јапонско кимоно, додека пак Кјеџ носел црно класично одело од дизајнерот Том Форд.

На венчавката присуствувала и третата сопруга на Кејџ Алис Ким со нивниот 15-годишен син Кал-Ел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг