“Локдаун” во соседството: Србија се затвора од 12 часот во сабота до 6 часот во понеделник

Точка

05/03/2021

17:49

3.806

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб и препорачал на Владата на Србија за викенд, од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот, да бидат затворени сите локали освен цвеќарниците, прехранбените продавници, бензинските пумпи, аптеките и местата кои работат со достава на храна.

Средните училишта од понеделник преминуваат на он-лајн настава, пренесува српски "Blic".

На планинските центри се ќе биде затворено за време на викенд.


Кога станува збор за цвеќарниците, кои во однос на другите објекти остануваат отворени, тие ќе работат до 12 часот поради Задушница.

Исто така, усвоено е да се зголеми надзорот над објектите кои ќе работат.


Сите овие мерки би требало сега да ги усвои и Владата на Србија.

Потсетуваме, според денешните податоци, во Србија за коронавирус биле тестирани 15.774 лица, од кои позитивни биле 4.071, додека 17 починале. На респиратор се 166 пациенти.


Пред седницата на Кризниот штаб се огласил др Кон, кој рекол дека смета дека мерката која ја предложил медицинскиот дел на Кризниот штаб - седумдневно затворање - не е доволна. Според неговото мислење, таа мерка е "апсолутно минимална".



Спонзорирани линкови

Маркетинг